СО ШТО ДЕНЕС СЕ БАВИ ЏОИ ОД „ПРИЈАТЕЛИ“? Се повлекол од шоу-бизнисот и започнал вносен бизнис

Метју Пери поседуваше импресивна колекција на луксузни автомобили како што се Porsche Panamera, Audi R8, BMW Серија 6 и Lincoln Navigator.
Актерот Мет Лебланк, најпознат по улогата на Џои во серијата „Пријатели“, се ангажирал во нов проект, но не актерски. Лебланк, како што дознава Daily Mail, започнал да води продавница за половни автомобили од висока класа во Лос Анџелес.
Актерот никогаш не ја криел својата љубов кон автомобилите, па дури и го водеше британското шоу „Top Gear“ до 2018 година, пред да одлучи да се врати во САД за да поминува повеќе време со семејството.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Matt LeBlanc (@mleblanc)


Бизнисот, кој го води актерот, нуди висококвалитетни, егзотични, луксузни и спортски автомобили за секого и е вешт да наоѓа необични модели за богатите клиенти. Еден од клиентите, шпекулира Daily Mail, можеби бил покојниот актер и пријател на Лебланк, Метју Пери, кој исто така споделувал страст за автомобили од високата класа.
Да потсетиме дека Пери поседуваше импресивна колекција на луксузни автомобили како што се, на пример, Porsche Panamera, Audi R8, BMW 6 серијата и Lincoln Navigator.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matt LeBlanc (@mleblanc)

Лебланк е сопственик на дел од компанијата од октомври 2020 година, а се чини дека дел од бизнисот го презел и неговото семејство, поточно неговата 20-годишна ќерка Марина, која неколку пати била видена во салонот облечена во сива маичка со логото на компанијата. Да потсетиме, ѕвездата на „Пријатели“ го доби своето единствено дете со поранешната сопруга Мелиса Мекнајт, со која беше во брак од 2003 до 2006 година.
Инаку, актерот последен пат беше во телевизиски проект во 2021 година, кога HBO работеше на повторното обединување на „Пријатели“, а пред тоа го глумеше Адам Барнс во серијата на CBS „Човек со план“.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) „Наутро пијам 8 апчиња, лекарите сакаат да ми ја ампутираат ногата“: Поради ова и Ноле плачел со него!

Хуан Мартин дел Потро минува низ страшни моменти и Новак Ѓоковиќ добро го знае тоа. …