Со „Рибља Чорба” на концерт под отворено небо на 31-ви јули во Охрид


Една од најпопуларните српски и југословенски рок групи, неверојатно квалитетните и легендарните „Рибља Чорба”, ќе одржат ексклузивен концерт во Македонија на 31-ви јули и тоа на најубавата локација за оваа пригода, а тоа е Античкиот театар во Охрид.

Публиката ќе има исклучителна можност да ги чуе безвременските песни на овој култен бенд со кој пораснаа многу генерации, но и бенд кој со сигурност остави траен печат во балканската рок историја.


Секако дека ќе биде огромно задоволство за сите нас во Охрид да ги слушнеме хитовите како што се: „Lutka sa naslovne strane”, „Kad sam bio mlad”, „Pogledaj dom svoj anđele”, како и многу други.

This image has an empty alt attribute; its file name is riblja-corba-koncert.png


Бора Чорба и неговиот бенд, ги повикаа сите нивни обожаватели под отворено небо, на добра журка која знаеме дека со нив е загарантирана, но и ветија дека тоа ќе биде уште еден добар и чесен концерт., впрочем тие не знаат за поинаку.

Рибља Чорба со концерт на 31-ви јули, Антички театар Охрид, почеток 21:30ч. Бидете таму!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 10 години без доајенката на НУ Турски Театар Сузан Максут

Сузан Максут е родена во Скопје на 28 октомври 1939 година. Таа беше македонска театарска, …