Новата сезона во Народниот Театар – Битола започнува вечерва со претставата ,,Хамлет-денот на убиствата“, според пиесата на Бернар -Мари Колтес, во режија на Марјан Неќак, претстава која ја доби престижната наградата за најдобра претстава на Фестивалот ИНФАНТ во Нови Сад, Србија.
На 11.09. 2024 год ,НУ Народен театар Битола со оваа претстава ќе земе учество на 32 Интернационален Фестивал на Камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица.
ХАМЛЕТ – Денот на убиствата
(според пиесата на Бернар-Мари Колтес)
Режисер и автор на музиката: Марјан Неќак
Драматург: Оливера Павловиќ
Сценограф: Валентин Светозарев
Костимограф: Андреј Ѓоргиевски
Дизајнер на видео: Сашо Илковски
Светло-мајстор: Горан Петровски
Тон-мајстор: Александар Димовски
Автори на плакатот: Марјан Некаќ и Сашо Илковски
Консултант за билијард: Игор Радичоски
Играат:
Хамлет – Никола Стефанов
Клаудиј – Иван Јерчиќ
Гертруда – Валентина Грамосли
Офелија – Викторија Степановска Јанкуловска
Суфлер: Мирјана Христовска
Инспициент: Димитар Михајловски
Во претставата се употребени фрагменти од аријата „Nessun Dorma“ од операта „Турандот“ на Ѓакомо Пучини и фрагмент од песната „What was I made for“ од Били Елиш; стихови од Вилијам Шекспир, Оскар Вајлд, Рајнер Марија Рилке, Емили Дикинсон, Борис Пастернак.