Со предавањето на нашиот пијанист Дино Имери вчера започна „Неделата на Бах“

„Недела на Бах“ е наречен настанот што започна вчера, а ќе трае до 7 декември на различни локации во Скопје.

Во рамките на настанот ќе се одржат концерт, музички работилници за деца и предавања, кои од различни аспекти ќе ни ги претстават музиката, филозофијата и животот на најголемиот композитор на сите времиња, Ј. С. Бах.


По тој повод, вчера на Факултетот за музичка уметност, со почеток во 13:00 часот, нашиот пијанист Дино Имери одржа отворено предавање пред студентите, на кое се осврна претежно на создавањето, идејата и композиторската структура на „Голдберг-варијациите“, најпознатото и најкомплексно дело на славниот композитор.

Централниот настан на „Недела на Бах“ е концертот на Дино Имери, со наслов „Кодот на Бах“, што ќе се одржи на 4 декември во Културно-информативниот центар (Салон 19:19).


На 6 и на 7 декември за децата во ООУ „Љубен Лапе“, односно за децата во СОС „Детско село“, ќе се одржат музички работилници во вид на претстава, под наслов „Голди, Бах и музичкото село“. Автор на приказната е Тина Иванова, којашто ќе се јави и како наратор, заедно со пијано-придружба и нарација на Дино Имери. По завршувањето на целиот настан, во просториите на ЕУ Инфо-центарот ќе се одржи отворено предавање за творештвото на Ј. С. Бах „Универзалниот јазик на Бах – што неговата музика може да нè научи денес?“.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Лузна на носталгија – Балканците ја споделија фотографијата на Меланија Трамп поради еден детал: „Печат на Југославија“

Балканците на социјалните мрежи споделуваат фотографија од инаугуративниот бал, на која се гледа како Меланија …