Со панел дискусија ќе се одбележи Денот на ретки болести 2024


Националната алијанса за ретки болести на Македонија – НАРБМ Ве кани на панел дискусија со цел одбележување на Денот на ретки болести на 29 февруари 2024 година во 10.00 часот во просториите на Граѓански ресурсен центар (ГРЦ).

На панелот ќе се дискутира за моменталната состојба на лицата со ретки болести и нивните семејства, како и потребите за системски решенија прку усвојување на Стратегија за ретки болести со акциски план со точно дефинирани области на делување (здравство, труд и социјала и образование) како и буџет за спроведување на планираните мерки и активности.


На настанот се поканети да учествуваат претставници на здруженија на пациенти со ретки болести, пациенти и членови на семејства, доктори, членови на Комисијата за ретки болести, претставници од МЗ, МТСП, МОН, ФЗОМ и други засегнати институции.

Агенда
09.45 – 10.00 Регистрација на учесници
10.00 – 10.10 Вовед и цели на панелот – НАРБМ
10.10 – 10.20 Дефинирање на ретките болести и потреба од системски решенија – НАРБМ
10.20 – 10.35 Состојбата со ретките болести – МЗ
10.35 – 10.50 Предизвици во социјала и образование – МТСП, МОН, Комисија за антидискриминцација
10.50 – 11.15 Прашања
11.15 – 11.30 Освежување и неформална дискусија


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Атанас Петров со нов сингл „Манири” – свежа енергија и модерен звук

Со децениска музичка посветеност и искрена љубов кон сцената, Атанас Петров продолжува да чекори по …