Со концертот на Kadonnut Manner започнува концертниот серијал „Нова пролет“ во организација на Канал 103


Нова пролет за Стотројка. Концерт на Kadonnut Manner и почеток на роденденските музички свечености на Канал 103. Вечерва со почеток во 20:00 часот во Ла Кања.

Во предвечерјето на 1 мај, Ден на трудот и 34-ти роденден на Канал 103, ги покануваме сите наши знајни и нејзнајни радио пријатели и поддржувачи, на музичка дружба во интимните прегратки на Старата скопска чаршија, каде ќе имаме можност да уживаме во звуците на финскиот музички алхемичар Kadonnut Manner.


Kadonnut Manner е проект на Lauri Manner, уметничко име кое може да се преведе како „изгубениот континент“. Неговата музика е емотивно патување кое го спојува американскиот гитарски примитивизам со длабочината на блузот и суровата убавина на северот – наследство преточено во нешто сосема ново и лично.

Зад себе има богата 20-годишна музичка кариера како басист во повеќе панк бендови во матичната Финска (Out of Tune, Death by Snoo Snoo, Viimeinen Maailmansota) и повеќе од 400 настапи ширум Европа, гостувања на повеќе значајни панк, фолк и џез фестивали, и седум самостојни турнеи.


Вечерта музички ќе ја заокружат селекторите на Стотројка.

Препорачана донација: 200 денари


Со оваа прослава на нашиот нов соларен круг започнува концертниот серијал „Нова пролет“, каде нè очекуваат настапи на повеќе странски и домашни бендови и музичари. До месец јуни ќе го исполниме нашиот град со нови звуци, идеи и средби, се вели во објавата од Канал 103.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Медеа“ и „Нека биде уметност“ вечерва на сцената на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола

Во рамки на програмата на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола, вечерва ќе бидат изведени …