Со изведбата на „Книголандија“ денес започнува 12-то издание на театарскиот фестивал за деца и млади „Малиот Принц“

Од 16-19 сепември 2024 година, во Н.У. Центар за култура “Ацо Шопов” во Штип, ќе се одржи 12-то издание на театарскиот фестивал за деца и млади „Малиот Принц“.

Фестивалот ќе биде отворен вечерва со почеток во 19:00 часот, со изведба на тетарската претстава „Книголандија“.


Запловете во светот каде книгите оживуваат! „Книголандија“ е магична земја каде секоја страница крие ново патување. Придружете им се на јунаците во нивната мисија да ги сочуваат приказните од заборав, додека откриваме дека во секоја книга се крие по едно срце!

Режија: Кристина Атанасова Арсова
Превод и Адаптација: Габриела Коцева – Тулиев


Улоги:
Слаткозборко – Марија Минчева Андонов
Книговила Книговиловска – Елена Шорова Дербов
Книговил Книговиловски – Миле Вратеовски
Сезнајко – Анѓелка Нашкова
Црвенкапа – Стефанија Митовска
Заспаната убавица – Ава Хусеини
Капетан Кука – Даријан Петров
Ана – Искра Постолова
Татко – Пеце Ристевски

Почеток: 19:00 часот
Место: НУЦК “Ацо Шопов“ Штип (голема сала)
Влез: 100 ден.
Онлајн резервации: https://acoshopov.mngsoft.com/index.php?nastan=83


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комеморација во чест на оперската првенка Ирена Кавкалевска (1973-2024)

Денес, со почеток во 10:30 часот на големата сцена во Националната Опера и Балет, ќе …