Почитувани вљубеници на театарската уметност, Охридскиот театар новата театарска сезона ја започнува на 23 септември 2024 (понеделник) со хит претставата „Секс, лаги и љубомора“ на Марк Камолети во режија на Коле Ангеловски.
Улогите ги толкуваат актерите: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Билјана Билаловиќ- Тодороска, Адријана Билаловиќ-Вељаноска, Елизабета Стефановска-Јандреовска и Марија Новак.
Претствата се игра со почеток во 20.00 часот, цената на билетот е 300 денари.
Напомена: Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот, резервации за претставата не се примаат, а билетите се продаваат само на билетарата.