Со изложба и концерт започна да работи нашиот најнов Културно-информативен центар во Белград


Во петокот (11 април) во новоотворениот простор на „Македонска“ бр. 30, започна да работи македонскиот Културно-информативен центар во Белград.

Првата програмска активност пред многубројната белградска публика ја поздравија и настанот заеднички го отворија директорот на Центарот, Васко Шутаров, и амбасадорот во Србија, Никола Тупанчески.


– Посакувам овој наш дом на македонската култура да биде место каде што постојано ќе се облагородува емоцијата помеѓу македонската и српската култура и каде што секој оној што ќе посака да ја стопли душата со македонска емоција, да ја осети длабочината на македонската лирска душа и динамичноста на срцето коешто само кај Македонците чука во седум осмини, ќе биде секогаш добредојден – рече Шутаров.

Во пресрет на велигденските празници, хорот „Менада“ се претстави со пригодна програма составена од 8 духовни песни, неколку хорски обработки на македонски шлагери и една фолклорна тема од тетовското поднебје, кои го исполнија просторот на Центарот со една исклучително свечена и топла емоција.


Не помалку внимание предизвика и големата ретроспективна изложба „Два конца парај“ составена од 50 дела од Друштвото на ликовни уметници Македонци во Србија, за која беше изготвен пригоден каталог и плакат.

Изложбата ќе може да биде разгледана и на следниот значаен настан во организација на македонскиот КИЦ во Белград, а тоа е одбележувањето на Денот на македонскиот јазик, на 5 мај во 19:00 часот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ОТКРИЕНА ТАЈНАТА КАКО СЛАВНИТЕ СИМНУВААТ КИЛОГРАМИ КАКО НА ШЕГА: Сите најголеми ѕвезди користат ОЗЕМПИК но никој не знае дали е опасен?

Оземпик е лек против дијабетес кој стана сојузник број 1 на Холивуд за слабеење. Решивме …