СМРТТА НА САКАНИОТ МАЖ ТОТАЛНО ЈА УНИШТИЛА: Сандра Булок конечно во јавност, НИКОГАШ повеќе нема да биде истата жена

На првата годишнина од смртта на нејзиниот партнер Брајан Рандал, Сандра Булок (60) е фотографирана во фризерски салон во Беверли Хилс.
Сандра Булок минатото лето го загуби својот долгогодишен партнер Брајан Рандал, кој почина по долга борба со амиотрофична латерална склероза (АЛС).


Пет месеци по неговата смрт, холивудската ѕвезда ја истури пепелта на Брајан во реката Snejk во Вајоминг, по што таа ретко се појавуваше во јавноста.
Конечно, папараците ја „ѕловиле“ откако таа го напуштила фризерскиот салон во Беверли Хилс, само неколку дена откако US Weekly доби инсајдерска дојава дека убавата оскаровка е „отворена за нови познанства“.


Сандра Булок и нејзиниот покоен партнер, фотограф и поранешен модел, се запознале на почетокот на 2015 година, кога го ангажирала да го фотографира роденденот на нејзиниот син Луис. Тие кликнале на првата и набрзо почнале“ да излегуваат.
Сандра е мајка на две посвоени деца, синот Луис и ќерката Лејла. Таа секогаш внимателно го чуваше својот приватен живот, а Брајан беше еден од ретките мажи со кои се појавуваше во јавност.
„Ја најдов љубовта на мојот живот. Имаме три прекрасни деца – тука е и неговата ќерка, а не ни треба хартија за да бидеме среќни“, изјавила Сандра пред неколку години во една емисија.
За жал, среќата не траеладолго.


Што ја предизвикало смртта на партнерот на Сандра Булок
Амиотрофичната латерална склероза (АЛС) е ретка невролошка болест која се јавува поради оштетување и губење на нервните клетки, моторните неврони во мозокот и ‘рбетниот мозок, што доведува до нарушување на испраќањето импулси преку периферните нерви до мускулите.
Последица на тоа е губење на мускулната маса, што доведува до тешкотии во движењето и слабеење на виталните функции, што на крајот доведува до целосна парализа. Болеста е прогресивна, просечното преживување е од три до пет години, а исходот во повеќето случаи е фатален.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„РОМСКА ДУША” – Меѓународна ромска поетска вечер

Здружението на љубители на ромска фолклорна уметност “Романо Ило” од Скопје, вечерва,  ја организира првата …