Red18 се одличен млад бенд кој е добро препознатлив кај публиката и веќе зазема значајно место на македонската алтернативна сцена. Зад себе го имаат албумот Red18’s Grit, а настапуваат и на сите позначајни фестивали во земјата. Последно публиката имаше можност да ги види на овогодинешното издание на фестивалот Андерфест.
Од неодамна имаат нов ритам гитарист, Павел Петковски, а после една година Елена, Јован, Александар и Димиш ја објавија својата нова песна „Единствен“ која е најава за новото ЕП на македонски јазик насловено „Игра“.
Дефинитиво чекањето вредеше, бидејќи „Единствен“ е уште едно ремек дело во низа на дечките од Red18.
Уживајте во видеото!