Слушачка промоција на бендот „Red18“ – за гостин најавен “Димиш”


Откако „Red18“ го издадоа албумот Red18’s Grit, ја закажаа и нивната слушачка промоција на албумот, која е закажана за утре во Woodstock бар.

Скопскиот бенд неодамна ја објави своја прва песна со спот „Kingdom of Lies“, а албумот „Red18’s Grit“ е достапен за слушање на платформите Јутујб и Спотифај.


„Драги луѓе, на трети декември ве чекаме во Woodstock Beer Bar на свирачка промоција на првиот албум на Red18 – “Red18’s Grit”. Гости на промоцијата ќе биде соло проектот “Димиш”. Исто така ќе можете да си купите маички и стикери од бендот што ќе ги видите во најскоро време тука на статус. Почеток 21:00. Дојдете на дружба!“, вели во нивната објава на Facebook.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Во Загреб вчера промовиран „Македонскиот рубин – моќниот зрак на нашето срце“

Во македонскиот Културно информативен центар во Загреб вчера загребската публика имаше ексклузивна можност да го …