Slow Wine – Вински Салон Битола 2024 ќе биде петтото издание на овој настан. Тргнувајќи од првото издание во декември 2018 година со идејата боемска Битола повторно да стане боемска, продолживме во 2019та да си потврдиме сами на себе дека виното и европскиот дух се дел од нас, за потоа, на осамената 2021 да и се спротивставивме со презентирање новата винска сцена во Македонија. Мотивот за 2022 година беше виното вклопено во модерниот начин на живеење и презентирање, за да оваа година докажеме и дека виното е напивка за цела година.
Оваа година манифестацијата „Slow Wine 2024 – Вински салон Битола“, ќе се одржи на 10.08.2024 (сабота), на пациото на Завод и Музеј-Битола со времетраење од 18-24 часот.
Влезници – 500 денари.
Влезници за членови на Слоу Фуд-400 денари.