Slow Food Салон 2024

Мотото на третиот Slow Food Салон кој ќе се одржи на 9 ноември 2024, со почеток во 12:00 часот, во хoтел Лимак, Скопје е дел од нашата мисија – да градиме, спојуваме и обединуваме. Затоа е насловен: Ние сме заедница!

На настанот ќе биде целата мрежа на Слоу Фуд: производителите, активистите, готвачите, младите, експертите, волонтерите, едукатирите…., ние што го носиме знакот на полжавчето и така размислуваме, ќе има шаренило од бои, вкусови, насмевки и енергии а локалните производи се на пиедестал: не поради носталгијата туку поради тоа што ни се идентитетот и културата. Да, ние сме заедница.


Со заедничка мисија: нашето да го спасиме од забревтаната технологија, глобализираната трговија со храна и предизвиците на новото време, меѓусебно сплотени и поврзани го градиме локалниот систем на храна, обезбедувајќи- наша храна, а тоа е целта на секој член на Слоу Фуд Македонија.

Slow Food Салон е уникатен и единствен поради многу нешта и опфаќа повеќе сегменти:
1. Изложба и голем пазар на храна од мали производители
2. Салон на семејни винарии, дестилерии и занаетчиски пивари
3. Конференции посветени на малите производители и едукацијата во Слоу Фуд
4. Семинар за новите иницијативи на Слоу Фуд
5. Мастер класови и работилници за вкус
6. Катче за едукација за деца
Ние сме заедница и имаме мисија да обезбедиме добра, чиста и правична храна достапна за сите.


Slow Food салон 2024 ќе се организира со финансиска поддршка на шведската организација We Effect и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

За квалитетна врска – Четири работи кои повеќето мажи ги сакаат во врската

Мажите нема секогаш да бидат најкомуникативни кога станува збор за нивните потреби, желби и очекувања …