Следува силно невреме во нашата Македонија


Денес среда (21 мај) територијата на нашата Република Македонија ќе биде зафатена од поголем фронтален влажен бран од југозапад, и истиот ќе предизвика поголема дестабилизација на атмосферата.

Во ваква ситуација, на многу места во Македонија ќе има развој на грмотевични конвективни облаци од кои очекувам појава на пороен дожд, гремежи и силен ветер во зоната на нестабилност кој ќе достигнува брзина до околу 60 км/час. Локално пак, процесите ќе бидат интензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.


И во делови од Скопскиот регион исто така ќе има појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на невреме.

Температурите остануваат без поголеми промени.


Апелирам, во случај на појава на невреме и на електрични празнења да се избегнува претстој на отворен простор или под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги ставаат понастрана од дрвјата, особено оние дрвја кои се осамени.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме НОТАС, и истата е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/


Метео прогноза на Славчо Попоски

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy Unpacked јули 2025: Ultra Искуството е подготвено да се одвива

Со години наназад Samsung Electronics ги дизајнира своите уреди според тоа што навистина им е …