„Скриените фантазми“ – Ретроспективната изложба на Анета Светиева


И оваа година, Националната галерија продолжува со својата мисија и ви го најавува претставувањето на творештвото на Анета Светиева. Изложбата ќе биде поставена во Даут пашиниот амам до крајот на месец август, а официјалното отворање ќе биде денес, во 20 часот.

Ретроспективната изложба на Анета Светиева е дел од програмата на Националната галерија за сеопфатно презентирање на македонските современи уметници кои ја креираа нашата ликовна сцена. Проектот ја следи монографијата за Светиева издадена 2023 година, со што се заокружува долгогодишното следење и истражување на богатиот творечки опус на еден од најзначајните македонски скулптори.


Изложбата ќе трае до 31 август.

Анета Светиева е родена во Битола 1944 година. Академија за ликовни уметности (1968) и постдипломски студии (1971) година, завршила во Белград. Во периодот 1965 – 1971, за иновативноста и специфичниот ликовен израз, добива три престижни студентски награди, а потоа и награда на Друштвото на ликовни уметници на Србија. Во 1974 година се враќа во Македонија. Од 1977 година работи во Институтот за фолклор, 1988 докторира на Филозофскиот факултет во Белград на одделот за етнологија. Во 1990 година се вработува во Заводот за етнологија на Природно-математичкиот факултет во Скопје, каде што, во 1995. станува редовен професор. Нејзините учества на значајните меѓународни ликовни манифестации, секогаш се проследени со посебно внимание од критиката, како што е случај и со презентацијата на Биеналето за ликовниуметности во Венеција 1997 година, каде што е забележана како автор со специфичен, поинаков пристап во обликувањето на автентично и автохтоно дело надвор од трендовските обележја.


Проектот е куриран од Викторија Васева Димеска, историчарка на уметност, во соработка со д-р Ана Франговска, куратор советник, Маја Неделкоска Брзанова, куратор советник и Маја Чанкуловска Михајловска, виш куратор.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy Unpacked јули 2025: Ultra Искуството е подготвено да се одвива

Со години наназад Samsung Electronics ги дизајнира своите уреди според тоа што навистина им е …