СКОПСКО и Амфора го ослободија Охридското Езеро од „мрежите духови. Акцијата, која се одвиваше од 1-ви до 4-ти октомври во соработка со нуркачкиот клуб „Амфора“, се фокусираше на вадење на заостанати рибарски мрежи (познати како „мрежи духови“) од четири клучни локации на дното на езерото. “ Резултатите од втората нуркачка акција покажуваат дека од дното на езерото се отстранети вкупно 3856 метри мрежа беа презентирани во Хидробиолошкиот завод во Охрид. Во акцијата учествуваа 4 нуркачи, во 98 изведени нуркања со вкупно време на нуркање од 73ч 38 мин.
Втората нуркачка акција за чистење на Охридското Езеро е организирана од СКОПСКО во рамките на платформата „Наша Гордост. Наша Одговорност.“
„Успехот на оваа акција е потврда за нашата постојана посветеност кон заштита на природата. Овие рибарски мрежи со години се таложеле на дното на езерото, претставувајќи закана за биодиверзитетот и заштитените видови што живеат во ова уникатно природно богатство Со платформата „Наша Гордост. Наша Одговорност.“, СКОПСКО се стреми да направи значителни промени во начинот на кој се грижиме за нашите природни ресурси. Охридското Езеро е наше национално богатство, и нашата цел е да го зачуваме чисто и безбедно за идните генерации,“ вели Марта Завкова, сениор бренд менаџер за СКОПСКО во Пивара Скопје.
Мрежите духови се напуштени, изгубени или оставени рибарски мрежи кои продолжуваат да ловат риби, птици и други организми, овие мрежи претставуваат значителна закана за кревките екосистеми на Охридското Езеро. Редовните акции за чистење се клучни за спречување на акумулацијата на мрежи духови. Ако овие мрежи не се отстрануваат редовно, последиците можат да бидат сериозни намалувајќи ги рибните популации и предизвикувајќи долгорочна штета на биодиверзитетот и локалната економија.
Со оваа акција, СКОПСКО и Амфора го покажаа својот заеднички ангажман во зачувувањето на природното наследство на Македонија.
„Горди сме што сме дел од оваа иницијатива, која има за цел да го зачува Охридското Езеро и неговите ендемски видови. Со заеднички сили успеавме да отстраниме значителен дел од „мрежите духови“ кои претставуваа закана за живиот свет во езерото. Ова е важен чекор кон обновување на подводниот екосистем,“ вели Јован Секулоски од нуркачкиот клуб Амфора.
Оваа иницијатива ги обединува напорите за општествено одговорно делување и заштита на животната средина и во целост ги поддржува заложбите на Пивара Скопје за одржлив развој во рамки на платформата „Свет без отпад“, како и нула емисии на CO2 до 2040 година.
Како компанија ориентирана кон иднината, Пивара Скопје преку СКОПСКО платформата „Наша гордост. Наша одговорност.,“ ќе продолжи да дејствува во доменот на заштита на животната срединаи ќе ги обедини граѓаните, организациите и институциите кои ги делат истите вредности и заложби за одржлив развој, со крајна цел подигнување на колективната свест и движење напред кон одржливо општество.