„Сите светла“ е најновиот музички проект на Лара Иванова во дует со Јосиф Ристовски

Лара Иванова и Јосиф Ристовски го објавија нивниот прв дует „Сите светла“. Станува збор за трендовски хит, затоа што за само неколку дена има илјадници прегледи и лава позитивни коментари и реакции од македонската публика, но и од регионот.

Автори на текстот и на музиката се Лара и Јосиф, за аранжманот се погрижи единствениот Дарко Димитров, а за видео записот Томислав Живковиќ, кој и овојпат целосно ја долови пораката на песната и на целиот музички проект му даде ексклузивна нота.


„Сите светла“ се вперени кон Лара Иванова, затоа што во новиот видео запис се појавува во  уникатно и впечатливо издание, а Јосиф одлично ја дополнува со својата улога.

Диско ритам, младалашка енергија и гламур, „Сите светла“ е нов хит, кој ќе остане запаметен во македонската дискографија.


„Песната излезе многу спонтано. Работевме во студио и после две-три демо снимки ја направивме „Сите светла“. Јас сум презадоволна од оваа соработка. Коментарите од публиката се позитивни и тоа многу ме радува. Јосиф е доста флексибилен за работа и многу е креативен, па затоа беше задоволство да се соработува со него. Секако не застанувам тука, работам на многу нови проекти, што значи дека во многу скоро време повторно може да очекувате нешто ново од мене“, вели Лара.

Лара Иванова е редок пример на артист кој неуморно работи и во континуитет создава музика за својата публика и за домашната музичка сцена. Освен тоа, нејзината посветеност и ентузијазам резултираат со големи хитови.


На следниот линк можете да ја слушнете „Сите Светла“ и да уживате во уникатниот видео запис.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: две години без нашата истакната актерка Мајда Тушар

Мајда Тушар е родена во Скопје на 24 јуни 1950 година. Таа беше позната македонска …