Синот на Марина Туцаковиќ ја открил вистината за нејзиниот тефтер со должници

По смртта на легендарната текстописка Марина Туцаковиќ, во медиумите се појави вест дека наводно има тетратка со список на должници, во која ги запишувала нивните имиња. По тој повод сега зборувал нејзиниот син Милан Лача Радуловиќ.
„Време е да се огласам во раните утрински часови. Се што прочитавте деновиве во медиумите, и за мајка ми и за мене, не е точно. Како што не наведува човечкиот инстинкт, ние од смрт се браниме со банализација – тетратка за долгови или икебана. Естрада Вендета, не ме интересира“, навел Лача на Твитер и додал:


„Ќе се борам против заборавот, она што е на нашите простори како казна за сите оние по кои „ништо нема да се вика“. Во превод – памтете ја по нејзините песни “, напишал Лача.

Да потсетиме, како што пишуваа српските медиуми, кога дознала дека боледува од рак и почнала да се бори за сопствениот живот, Марина наводно се откажала од идејата да ги собере сите долгови, па престанала да ги брка пејачите кои и должат пари за текстовите што таа им ги напишала.
Наводно, таа имала тетратка во која запишала се, и кој која песна ја купил, а кој плаќал на рати, а која се уште не платил.
Марина Туцаковиќ почина на 19. септември по долго и тешко боледување, а беше погребана неколку дена подоцна покрај нејзиниот син Милош, што било нејзината последна желба.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Партнерката на Винсент Касел, Нара Баптиста, објави дека е бремена: „Мама те чека“

Девојката на познатиот француски актер Винсент Касел (57), Нара Баптиста денеска преку својот Инстаграм профил …