Синот на Анџелина Џоли и Бред Пит доживеал тешка несреќа: Префрлен е во болница

Пакс во моментот на судирот не носел заштитен шлем
Пакс Џоли-Пит, синот на Анџелина Џоли и Бред Пит, е повреден во сообраќајна несреќа и итно е хоспитализиран.
Медиумите јавуваат дека тој со својот електричен велосипед удрил во автомобил во Лос Анџелес.
Според извештаите, Пакс не носел кацига во моментот на судирот и се пожалил на главоболка.


TMZ јавува дека удрил во багажникот на автомобил кој бил запрен на семафор на раскрсницата на две прометни улици.
Возачот веднаш излегол од возилото за да види што се случило со Пакс, а полицијата и брзата помош брзо пристигнале.
Пакс се пожалил на болки во колкот и повреди на главата, по што бил пренесен во болница.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Копродукција помеѓу Србија, Хрватска и Македонија: Започна снимањето на филмот “Соучесници”

На локации во Ужице започна снимањето на филмот „Соучесници“ во режија на Марко Новаковиќ, според …