Се појавија нови изјави на експерти за допингот на Јаник Синер.
Јаник Синер може да биде суспендиран на година или две поради допинг скандалот. Се чека неговото сослушување пред Арбитражниот суд во Лозана, кое беше поместено од февруари во април. Како што одминува времето, многу стручњаци се јавуваат и ја разјаснуваат ситуацијата во врска со италијанскиот тенисер.
Во март минатата година тој паднал на два допинг теста, бил позитивен на клостебол, но помина практично без казна. Освен паричната казна која е безначајна во споредба со неговата заработка. Сега се огласи и познатиот спортски научник, д-р Рос Такер кој тврди дека постои шанса Синер намерно да се допингувал! Тој го објаснилсето тоа во еден подкаст.
Како некој што се занимава со тоа и го разбира сето тоа, вака го појаснил. „Постои шанса Синер да користел клостебол намерно, да знаел за кремот и дека бил свесен дека ако некогаш го фатат ќе има подготвена одбрана и дека ќе го знае изворот на контаминацијата. Има истражување кое го расчистува сето тоа за мене. Можно е сето тоа да е само паметен начин на допинг што не можете да го докажете. И затоа треба да кажете дека играчот е ‘чист’. Можеби Арбитражниот суд ќе истражи некои работи кои не беа истражени во првичната одлука“, рекол Такер.
Ова истражување Синер го искористил како одбрана
Кога Синер паднал на допинг тестот изјавил дека контаминацијата настанала затоа што еден од членовите на неговиот стручен штаб го масирал без ракавици и дека претходно на себе си нанел крема што содржи клостебол. Судот го прифатил како образложение, но Меѓународната антидопинг агенција (ВАДА) поднесе жалба и затоа сега се чека судењето во Лозана. „Како одбрана, тој презентираше лист хартија кој беше наместен вака од еден италијански универзитет. Тоа истражување покажува различни начини на кои може да дојде до контаминација“, објаснува Такер.
Докторот потоа објаснил што сè и самиот прочитал во тоа истражување кое Синер очигледно го користел во своја одбрана. „Еве, ќе ви дадам пример. Лицето А користи крема со клостебол и се ракува со околу десет луѓе, така што зборуваме за краток контакт. Потоа сите тие луѓе се тестираат во следните 48 часа за да се види дали нешто може да биде откриено. Се покажало дека може, па можно е клостеболот да влезе во неговото тело преку масажата, затоа и ималоможност тоа да го претстави тоа како извор на позитивниот тест“, заклучил доктор Рос Такер.
Фото: Принтскрин/Instagram