Медицинската сестра Џули Мекфејден навела неколку знаци кои се јавуваат пред да умре некоја личност. Иако никогаш не е лесно да се гледа како умираат саканите, таа смета дека некои од знаците се утешни.
Таа е задолжена за палијативна нега, односно грижа за лица кои имаат неизлечиви болести. Таа изјавила дека навистина е тешко да се поверува како се случуваат овие работи, но дека често ги гледа.
Терминалната луцидност е една од нив. Тоа се случува кога на умирање лицето одеднаш добива излив на енергија.
„Овие луѓе имаат одличен ден. Одеднаш се гладни и можат да одат. Тие се многу будни и ориентирани, а потоа умираат за ден или два. Тоа може да биде најтешкиот дел. Мислите дека тие се подобри, а потоа умираат, што е поразително“, рекла таа, пренесува Metro.co.uk.
Друг знак е визијата, која многумина ја сметаат за халуцинација. Но, Џули не мисли дека се работи за тоа.
„Тоа обично се случува неколку недели пред смртта. Тие можат да бидат свесни и нормално да разговараат со своето семејство и да кажат дека го гледаат нивниот мртов татко во аголот како им се смешка и им кажува дека наскоро ќе дојде по нив и да не се грижат”, изјавила таа.
Џули продолжува да тврди дека некои луѓе „бираат“ кога ќе умрат. На пример, чекаат да помине некој важен датум како нечиј роденден или свадба, а потоа мислат дека се подготвени да го напуштат овој свет. Постои и знак наречен „дофат на смртта“. Џули објаснува дека тоа е кога луѓето на умирање ја креваат раката, како да сакаат да се ракуваат со некого или да го прегрне.
Покрај горенаведеното, луѓето кои умираат често може да делуваат особено загледани. Џули изјавува дека нема да одговорат кога ќе ги повикате затоа што се целосно фокусирани на некоја повисока сила. Таа го спомнала и феноменот на „заедничко искуство на смртта“. Тоа се случува кога некој што не умира разбира што се случува со личност која умира.
„Тоа е како некое лице што умира ви дава чувство низ што поминува“, рекла таа. Иако ова изгледа прилично страшно, оваа медицинска сестра уверува дека ова е всушност добра работа бидејќи станувате уверени дека вашата сакана личност ќе оди на подобро место.
Фото: Архива