Што денес да однесете како подарок за СЛАВА? Порано обичајот бил да се носи јаболко, но што е сега?

Многумина ќе слават денеска, па многумина ќе се најдат во недоумица во однос на соодветниот подарок за домаќините
Стариот обичај налага да не се виканаслава, но се подразбирало дека тој ден ќе дојдат пријатели и роднини на ручек. Гостите се чекале од утро до вечер и немало однапред договорено време кога треба да дојдат. Луѓето доаѓале кога можеле, а задолжително било да се донесе и јаболко кое е симбол на здравје и голема желба здравјето да доминира во тоа семејство.

Подарувајќи јаболко како да велите „Ви посакувам добро здравје“, а домаќинот ќе го земе јаболкото и ќе рече „Фала на раката и на јаболкото“.


Првиот обичај е одамна изгубен. Во денешно време од практични причини на славата не се поканува лично (освен кога се работи за луѓе кои ги гледаме секојдневно). Се повикиуваат по телефон, смс… или по друг обичај воопшто не се вика, туку доаѓањето се подразбира. Иако, дефинитивно е поучтиво да го поканите секој гостин и да ја изразите својата желба да присуствува на славата на вашето семејство.
Како што пристигнува гостин на прославата, тој прво се послужува со пченица и пие голтка осветено вино. Прво се прекрстува, и посакува добро здравје на куќата во која дошол, а кога ќе заврши, гостите, според годините, седнуваат на маса.


Во Македонија во некои места се уште е зачуван обичајот „чествување на славата“. Тогаш домаќинот во свечено одело и многу весело ги пречекува гостите, ги послужува и не седи на трпеза цел ден додека гори празничната свеќа, од почит кон светецот кој се смета главниот гостин во куќата тој ден.

Што се смета за соодветен подарок за прослава?
Во старите и поскромни времиња гостите подарувале нешто што рачно го подготвиле – колачи, тесто, леб, но било соодветно и вино, ракија, јаболка, брашно… Накратко, нешто што гостите веќе го имаат и нема да ги чини многу. Некоја рачна работа би можела да помине како соодветен подарок – везена покривка за маса, милје или таписерија, особено ако подарокот доаѓа од девојка стасана за мажење која сака да се „покаже“.


Од година во година подароците стануваат се полуксузни, но и побизарни. Па има ситуации кога жените од славеничката добиваат козметика, накит, есцајг, постелнина… домаќинот чорапи, кошули, парфеми, а децата не се забораваат, па има луксузни играчки и слични работи.

Шише пијалок за домаќинот – обично црвено вино, кафе, локум/бонбони или цвеќиња за домаќинката, како и чоколадо за децата се сосема соодветни подароци, доколку со себе го носите целото позитивно расположение и со ведар дух разубавите нечија слава.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од машки агол – 11 лаги кои мажите и ги кажуваат на жената со која се во врска

Понекогаш тоа се мали и невини лаги кои мажите ги кажуваат затоа што не сакаат …