Леонор била поканета да стане првата жена шеф на армијата во Шпанија.
Принцезата Леонор, наследничка на шпанскиот трон и иден командант на армијата, во септември ќе започне тригодишна воена обука, објави шпанската влада.
Ќерката на шпанскиот крал Фелипе Шести и кралицата Летиција ќе наполни 18 години во октомври, а кралското семејство одлучило дека „треба да помине воена обука, како нејзиното кралско височество и како што е вообичаено во другите парламентарни монархии“, рекла министерката за одбрана, Маргарита Роблес.
Исто така, Маргарита нагласила дека обуката ќе започне во септември, кога идниот шеф на државата ќе заврши средно образование.
Планирано е студирање на Генералната воена академија во Сарагоса, во морнарицата и во воздухопловните сили.
Шпанската принцеза оди во војска на три години – ќе биде воен командант
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.