Шокантна исповед на Хилари Свонк: „Добив Оскар, но немав пари за здравствено осигурување“


Во неодамнешното интервју за „The Drew Barrymore Show”“, актерката Хилари Свонк зборувала за проблемите со кои се соочила на почетокот на нејзината кариера.
Откако во дамнешната 2000 година, освои Оскар за улогата во филмот „Boys Don’t Cry“, Хилари морала да оди на лекар поради здравствени проблеми. Во споменатото интервју таа објаснила дека не заработила доволно пари за да си обезбеди здравствено осигурување, па платила 260 долари за обични антибиотици.
„Имав обична настинка и кога отидов на лекар за редовни антибиотици, тие само ми рекоа: „Да, тоа е 260 долари“, вели таа.


View this post on Instagram

A post shared by The Drew Barrymore Show (@thedrewbarrymoreshow)



„Тогаш им одговорив: ‘Чекајте, имам осигурување, можете да проверите’“, објаснила актерката и додала дека веднаш морала да се јави во осигурителната компанија.
„Се сеќавам дека осигурителната компанија ми кажа дека морам да заработувам минимум 5.000 долари годишно за да имам право на осигурување.
„Замислете, таа година добив Оскар, а немав пари за здравствено осигурување“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Рецитал на „Ченг дуо“ во Камерната сала на Филхармонија

Во понеделник, со почеток во 20 часот во Камерната сала на Филхармонија ќе настапи „Ченг …