Шести меѓународен хорски фестивал „Гласот на Охрид“

Шестото издание на меѓународниот хорски фестивал „Гласот на Охрид“, ќе се одржи денес, со почеток во 20:00 часот во прекрасниот Охрид, во историската црква Света Софија.

Фестивалот ќе собере различни хорови, кои ќе ги исполнат вашите срца со прекрасни мелодии и хармонии. Ќе имате можност да уживате во различни музички жанрови, од класична музика до современи аранжмани, и да бидете дел од магијата што ја носи хорската уметност.


Придружете се на оваа музичка авантура и доживејте незаборавни моменти во еден од најубавите градови на Балканот. Вашето присуство ќе го направи фестивалот уште поспецијален.

Фестивалот е во организација на Градскиот мешан хор “Vox Lychnidos” од Охрид и на истиот освен организаторот ќе настапат:


  • Buj Art од Тирана, Албанија
  • Attendite од Кикинда, Србија
  • Bachki Pevachi од Врбас, Србија
  • Youth Choir од Комен, Словенија
  • Franc Zgonik од Браник, Словенија
  • Y.F. Choir MKC од Скопје, Македонија

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Трага на Нематеријалното“ – изложба на Софија Грабулоска

Вечерва на театарската сцена во Центарот за Култура „Браќа Миладиновци” во Струга, со почеток во …