На 3.ти март, блогот за лежерна мода Skopje Casual го прославува својот шести роденден. Изминативе 6 години, трите блогерки Александра, Калина и Ива активно работат на развивање на лежерниот стил во Македонија преку нивните објави, соработки со локални и интернационални брендови и организирање на настани.
Дел од нивните активности опфатија организација на блогерски средби, настани посветени на мода и филм „Филмски бутик“, а веќе традиционално, место за собирање на сите љубители на лежерниот стил се родендените на нивниот блог.
Оваа година, прославата ќе се одржи во lounge barКантина во Дебар Маало, на 3ти март, со старт од 21 часот. Сè што е потребно да направите за да го посетите роденденот е да понесете лежерно расположение и да облечете нешто во риги кои се овогодинешниот неформален dress code.
Повеќе за настанот: https://www.facebook.com/events/463418054060779/
Се гледаме на роденден!
Шест години лежерно Скопје!
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.