Шест бендови за шестиот по ред Андерфест фестивал кој вечерва ќе се одржи во МКЦ

Денеска со почеток во 20:00 часот „ќе загрми“ музичкиот фестивал Андерфест. Настанот е во култниот Младински културен центар (МКЦ) во Скопје. Публиката и овој пат ќе има можност да ужива во музиката од претежно алтернативната и рок енд рол сцена од нашата држава.

За шестиот Андерфест организаторите најавија шест добро познати бендови кои ќе ја размрдаат публиката во Денсинг салата на МКЦ. На Андерфест 6 ќе настапат: Миа Перевска, Стефан Петановски, Basement Cult, The Mole Pack, Fiction, и Foolish Green.


Еден од врвните приоритети на фестивалот сеуште е да ги мотивира младите уметници да продолжат да креираат нови музички дела со кои ќе ги покажат своите големи таленти и вештини и воедно ќе ја промовираат нашата музичка култура и вон границите на нашата држава.

Продажбата на карти за фестивалот e започната и истите можете да ги набавите во билетарата на МКЦ или преку следниот линк https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1408


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Моја бесмртна љубов“ со Моника Лесковар и Лубнан Балбаки

Овој четврток, со почеток во 20 часот, ќе се одржи концертот насловен „Моја бесмртна љубов” …