Сезона на маслинки е, оваа намирница има бројни придобивки за целокупното човеково здравје

Сезона е на маслинки, а оваа намирница има бројни придобивки за целокупното здравје на човекот.
Џон Самер, американски нутриционист кој ги советува спортистите, менаџерите и родителите за придобивките од комплементарната терапија за здравје и превенција, презентирал бројни придобивки што конзумирањето на маслинките и маслиновото масло му ги носат на телото.

Маслиновото масло го поттикнува разградувањето на маснотиите во масните клетки, така што можете полесно да се ослободите од салото на стомакот и да ја намалите чувствителноста на инсулин. Луѓето кои консумираат најмногу маслиново масло консумираат помалку калории и ретко се дебели. Тестовите на крвта покажуваат дека имаат повисоко ниво на серотонин, т.н. хормон на ситост.


Антиоксидантните и антиинфламаторните својства на маслинките ги прават природна заштита од рак бидејќи хроничниот оксидативен стрес и хроничното воспаление можат да бидат клучни фактори за развој на рак. Со обезбедување на богато снабдување со антиоксиданси и антиинфламаторни хранливи материи, маслинките можат да ја спречат опасната комбинација на хроничен оксидативен стрес и хронично воспаление.


Црните маслинки се богати со масни киселини и антиоксиданси кои ја негуваат, хидрираат и штитат кожата. Витаминот Е во маслинките ја штити кожата од УВ зрачење, а со тоа ја штити од рак на кожата и предвремено стареење.
Една шолја маслинки содржи 10 проценти од препорачаната дневна вредност на витамин А, кој е клучен за здрави очи и обезбедува подобрен ноќен вид.


Маслинките, особено црните, се богати со железо. Способноста на црвените крвни зрнца да носат кислород низ телото зависи од присуството на железо во крвта. Ако страдаме од недостаток на железо, нашето ткиво не добива доволно кислород и може да се чувствуваме студенило или слабост. Железото исто така игра важна улога во производството на енергија.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комеморација во чест на оперската првенка Ирена Кавкалевска (1973-2024)

Денес, со почеток во 10:30 часот на големата сцена во Националната Опера и Балет, ќе …