„Северен пол” на Марија Апчевска кој беше во официјална селекција на Кан, викендов на „Манаки”

Овој викенд  (18. септември, сабота) битолчани и сите љубители на филмската уметност ќе имаат можност да го гледаат во Битола филмот „Северен пол” на Марија Апчевска во продукција на „Кино око” – првиот македонски краток филм кој бил во трка за Златна палма на Канскиот фестивал. Проекцијата е во Центарот за култура (Голема сала) во 18:00 ч.
Овој маркантен успех има исклучително значење за нашата кинематографија, а ИФФК „Браќа Манаки” дава можност да се погледне филмот кој бил еден од десетте селектирани филмови во официјалната програма на еден од најпрестижните и најгламурозни филмски фестивали во светот.
Филмот е сниман на супер 16 мм филмска лента на локации во Скопје и Македонска Каменица. Главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Билјана Гргур, шминкер Горан Игњатовски, монтажер Драган Вон Петровиќ, дизајн на тон Игор Поповски и Бојан Паликуќа, а кастинг-директор Киријана А. Николоска. Филмот е копродукција помеѓу Македонија и Србија. Продуцент на филмот е Роберт Насков, копродуценти Милош Љубомировиќ и Горан Тодориќ,  сценарист и режисер е Марија Апчевска.
По наградуваниот „Бардо” (2012) и „Амби” (2017), ова е трет краток филм на Апчевска.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиерна изведба на театарската претстава „Парови“ вечерва во Драмски

Вечерва, со почеок во 20:00 часот, во Драмскиот театар во Скопје, премиерно ќе биде изведена …