Sevdaliza го разигра Скопје во ритамот на „Летото за паметење“


Светската поп-дива Sevdaliza со спектакуларен настап пред скопската публика го затвори овогодинешното издание на фестивалот „Skopje Calling“.

Пред скопската публика, Sevdaliza ги изведе песните од нејзиното и понатаму актуелно EP „Raving Dahlia“, како и добро познатите хитови како „Human“, „Oh My God“ и „Ride or Die, Pt.2“.


Настапот на Sevdaliza на „Skopje Calling“ во рамки на програмата на Telekom Electronic Beats, е дел од кампањата „Лето за паметење“, која има за цел да ѝ овозможи на Генерацијата Z, но и на сите љубители на добрата музика, да создадат спомени и да го направат ова лето најзабавното досега.

Публиката присутна на Стадионот на АРМ вечерта уживаше во уникатниот звук на музиката на Sevdaliza, кој претставува хармоничен електро-поп микс на персиска, источно-европската и западна култура. Како загревање за главното шоу, на сцената свој DJ настап имаше Nastasyakish, како домашна поддршка.


Дел од овогодишната програма на „Лето за паметење“ се повеќе ексклузивни свирки за помала публика, pop-up настани чијшто домаќин е Telekom Electronic Beats, но и некои од најголемите фестивали низ Европа, како Melt (Германија), Rolling Loud Europe (Австрија), Lollapalooza (Германија), Skopje Calling (Скопје) и Ohrid Calling (Охрид).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Фотографијата на Меланија Трамп го обиколи светот! Првата дама ги запали мрежите, луѓето не престануваат да коментираат…

Фотографијата од Меланија Трамп од погребот на папата Франциско го обиколи светот, а многумина ја …