Серијата Samsung Galaxy S25 пристигнува во Северна Македонија: Нова ера на мобилната вештачка интелигенција

Серијата паметни телефони Samsung Galaxy S25 беше официјално претставена во Скопје, означувајќи го почетокот на продажбата, која ќе започне на 7 февруари. На овој ексклузивен настан, присутните имаа можност први да ги искусат иновациите што ги носи најновата генерација на Galaxy уреди, вклучувајќи нова ера на вештачка интелигенција, која интуитивно ги разбира и се прилагодува на потребите на корисникот.

Беа претставени главните ѕвезди на денот – Galaxy S25 Ultra, Galaxy S25+ и Galaxy S25. Овие модели носат напредни технологии што комбинираат врвни хардверски компоненти и вештачка интелигенција за унапредено корисничко искуство. Со моќни спецификации и елегантен дизајн, Samsung нуди уреди кои го олеснуваат секојдневието и ги поедноставуваат задачите на корисниците.


Раководителот за односи со јавност од Samsung Electronics, Иван Полојац, нагласи како технологијата Galaxy AI е интегрирана во секоја точка на интерфејсот, а како One UI 7 создаде платформа каде секоја интеракција е беспрекорна.

Вашиот телефон сега го разбира контекстот на сето она што е на екранот – глас, слики, текст и многу повеќе – предвидувајќи ги вашите потреби и барања.“


Новата серија Galaxy S25 воведува клучни иновации кои го обликуваат корисничкото искуство. Прво, серијата S25 нуди вистински AI придружник, чиј AI агент овозможува поприродна и интуитивна интеракција. Во комбинација со интегрираната AI платформа се подобрува поврзаноста на уредите, додека персонализираната AI гарантира безбедност, приватност и прилагодени AI функции според потребите на секој корисник, правејќи ја оваа серија совршен AI придружник.


Друга клучна иновација се Напредните перформанси[1] на серијата со реалистично гејминг искуство и значително подобрена термална ефикасност. Да не заборавиме, серијата Galaxy S25 работи на Snapdragon® 8 Elite for Galaxy, најмоќниот процесор досега во серијата S, со 40% подобрување на NPU, 37% на CPU, и 30% на GPU во споредба со претходните генерации.

И на крај, серијата Galaxy S25 обезбедува ултра-детални фотографии во секој опсег благодарение на сензорите со висока резолуција и ProVisual Engine, поставувајќи нов стандард за мобилната фотографија и обезбедувајќи совршено визуелно искуство со помош на AI.

Гостите имаа можност да ги истражат новите функции на серијата Galaxy S25 преку интерактивните Galaxy димензии и од прва рака да ја доживеат моќта на вештачката интелигенција. Функциите како интуитивно пребарување на фотографии, паметни потсетници, моќните камери и напредната оптимизација на перформансите покажаа како Galaxy AI го подобрува секојдневното користење на паметните телефони, правејќи го поедноставно и поефикасно.

Покрај ексклузивниот прв поглед на новите уреди, гостите уживаа во релаксирано дружење со DJ, создавајќи совршена атмосфера за размена на импресии и дискусија за технолошките иновации кои ја обликуваат иднината на мобилната индустрија.

Серијата Samsung Galaxy S25 официјално ќе биде достапна за купување кај мобилните оператори и малопродажните партнери од 7 февруари.

За повеќе информации за уредите, посетете ја официјалната веб-страница на Samsung.

[1] Подобрувањата во AP перформансите споредени со Galaxy S24 Ultra. Вистинските перформанси ќе зависат од корисничката околина, условите и однапред инсталираниот софтвер и апликации.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една од најзначајните светски концертни сцени „Музикферајн“ во Виена

Оркестарот на Македонската филхармонија на 28 октомври ќе одржи концерт во „Златната сала“ на една …