Сеќавање: Пет години без нашиот фолк пејaч Момо Николовски

Момо Николовски е роден во Струга во 1957 година. Завршил музичка академија, отсек етномузикологија. Кариерата ја започнал во Струга, каде пеел забавна музика некаде во средината на осумдесетиите години од XX век. Успешно настапувал на фестивалите подеднаково пеејќи и новосоздадени и забавни мелодии.

Негови хитови се „Молчи срце молчи“, „Билјана“, „Дано, Данице“, Биди со мене“, „Само осамените“, „Една младост во Струга“, а освоил и многу фестивалски награди, а во 2015 година добил и награда за животно дело. Во 1976 година настапил на Скопски фестивал со песната ,,Ти проштевам се” за која музиката и аранжманот ги направи Јанко Узунови го освоил второто место од публика. Во 2015 година направи концерт по повод 40 години кариера, беше придружуван од популарната Група Академци, специјална гостинка на концертот беше Виолета Томовска. Момо Николовски од 1996 година учествува во Македонски народни приказни со Ѓорѓи Колозов. И новиот серијал од 2014-2018 година учествувал во Македонски народни приказни.


Кон крајот на 2018 година му бил дијагностициран канцер на желудникот. Починал во Скопје на 3 јуни 2019 година во Скопје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЕВЕ ЗОШТО ТРЕБА ДА ЈАДЕМЕ НАУТ: Го забавуваат стареењето и се совршени за слабеење

Ви ги пренесуваме сите здравствени придобивки од наутот и како на најдобар начин да го …