Благоја Стефановски – Баге бил роден во Битола на 7 март 1953 година. Тој бил долгогодишен директор на Народниот театар од Битола, како и поранешен министер за култура.
Дипломирал на отсекот за драмски глумци на Факултетот за драмски уметности во 1975 година. Од 1975 до 1980 година бил директор на Битолскиот народен театар. Бил претседател на Фестивалот „Браќа Манаки”, претседател на Советот и селектор на драмската програма на Фестивалот „Охридско лето” и претседател на Фестивалот „Војдан Чернодрински”.
Од 1994 до 1998 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија. Од 1 ноември 2002 година до 6 јули 2006 ја извршува функцијата министер за култура.
Во 2019 година доделена му е наградата „4 Ноември“ за животно дело.
Починал на 3 декември 2020 година, на 67-годишна возраст.