Благој Истатов е роден на 5 април 1947 година во Струмица. Тој беше поранешен македонски фудбалер, кој играл на позицијата голман.
Како мал се занимавал со борење, за да во 1963 година започне да настапува за ФК Беласица. Својата играчка фудбалска кариера ја завршил во 1983 година, а како проштален натпревар му бил против ФК Партизан на стадионот Младост во Струмица.
За ФК Беласица настапувал до 1968 година, кога потпишал за ФК Победа од Прилеп, каде има одиграно 31 натпревар. Во 1973 година потпишал за белградски ФК Партизан, каде имал одиграно 44 натпревари, и со оваа екипа го има освоено првото место во сезоната 1975-1976 година во Југословенската прва фудбалска лига. Од 1976 до 1978 година настапувал за ФК Утрехт.
Истатов има настапувано и за Фудбалската репрезентација на Југославија.
Кариерата ја завршил во ФК Беласица, по што станал и нејзин тренер, време кога ФК Беласица доживеала голем успех во тогашната Втора југословенска фудбалска лига. Во следните години, Благој Истатов бил тренер на ФК Малеш, ФК Дојранско Езеро, ФК Скопје. Освен тоа бил и тренер и на голманите на Фудбалската репрезентација на Македонија, како дел од стручниот штаб на македонската репрезентација, член на УО на ФФМ.
Во последните години од животот Истатов живеел и работел во Дојран, каде основал фудбалска школа, а во 2010 година истото го направил и во Струмица. Школата на Истатов е под патронат на Партизан и има потпишано долгогодишен договор за соработка во месец август 2010 година. Како стопанственик го поседувал и Хотел „Истатов“ во Нов Дојран.
Благој Истатов починал на 27 септември 2018 година во Струмица