Сеќавање – на денешен ден во 2018 година не напушти актерката Љупка Арсова-Џундева

Љупка Арсова-Џундева била родена на 11 јули 1934 во Скопје. Истакната македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.

Во ансамблот на Драмата при Македонскиот народен театар, Џундева се вработува во 1951 година. Припаѓа на генерацијата глумци кои ја завршиле Државната театарска школа во Скопје. Во овој театар работи до пензионирањето во 1990 година, иако и по пензионирањето продолжува да биде активна во театарот.


Деството го поминала во близина на Градскиот парк во Скопје каде што и живеела. Основно образование има завршено во Скопје, во 1948 година се запишала на Државната средна театарска школа во Скопје. По завршувањето на Државната средна тетарска школа во 1951 година, Џундева веднаш била примена како артистка во Македонскиот народен театар. За разлика од поголемиот број нејзини колеги и колешки му останува верна на својот театарски колектив каде работи сè до нејзиното пензионирање, односно 1990 година.

Подеднакво има настапувано во дела од домашна-македонска продукција и југословенска драматургија, во светска драмска класика и во сценски реализации од најпознати современи автори. Била член на театарскиот совет и на Уметничкиот совет на Драмата на МНТ. Играла во првиот македонски филм „Фросина“, во првата македонска комедија „Мирно лето“, во филмот „Македонска крвава свадба“ и во многу други театарски претстави, телевизиски драми, монодрами и радио-драми. Има отстварено голем број гостувања во поранешна Југославија, Италија, Словачка, Русија, Бугарија и други земји. Иако била во пензија од 1990 година, таа уште била активна на театарската сцена.


Добитник е на бројни награди и признанија, меѓу кои: Награда за животно дело „11 Октомври“, Награда за животно дело „Војдан Чернодрински“, Награда „13 Ноември“ на Град Скопје, Орден на трудот со сребрен венец, Орден на трудот со златен венец.

Починала на 7 декември 2018 година во Скопје на 84 годишна возраст.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Костадиновска-Стојчевска: Го враќаме симболот на Скопје – Универзалната сала

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ги најави градежните активности за реконструкција и адаптација на …