Сеќавање: На денешен ден во 2016 година почина нашиот истакнат сликар и вајар Глигор Чемерски

Глигор Чемерски е роден во Кавадарци во 1940 година. Тој беше истакнат македонски сликар и вајар. Негов син е Огнен Чемерски, познат преведувач и лектор.

Чемерски е еден од позначајните современи македонски уметници. Неговиот стил е инспириран од експресионизмот и православните икони. Неговот творештво е богато: тој ги изработил мозаиците во Стопанска банка (1971) и на Споменикот на слободата во Кочани (1981).


Чемерски имал бројни самостојни изложби во Македонија и во странство. Во декември 2014 година, во галеријата на Руската академија на уметноста „Зураб Цератели“ во Москва била отворена неговата самостојна изложба „Настани и знаци на земјата македонска“. Изложбата била поставена во чест на неговата инаугурација во почесен член на Руската академија на уметностите „Императорска“, а на неа биле изложени 43 дела од различни периоди на творештвото на Чемерски.

Починал во Скопје на 2 април 2016 година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Извонредно шоу и ПАРАДА НА НАЦИИ за паметење! Скопје се покажа како одличен домаќин и приреди светски настан за IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show 2024

Публиката која го наполни Спортскиот центар „Борис Трајковски“ сведочеше на еден од најинтересните мигови од …