Сеќавање: На денешен ден во 2016 година почина една од најголемите македонски пејачки на забавна музика Љупка Димитровска

Љупка Димитровска е родена во Скопје на 25 јули 1946 година. Таа беше позната македонска пејачка на забавна музика. Позната била ширум територијата на поранешна Југославија. До крајот на својот живот, живеела во Загреб, каде била исто така познат изведувач на хрватски јазик. Својата најголема популарност ја стекнала во 1970-тите и 1980-тите години. Еден од нејзините најголеми хитови е мелодијата Ѕвонат ѕвонат изведена 1990 г. на „Макфест“ во Штип.

Нејзиниот прв албум насловен како „Љупка“ бил издаден во 1975 година, а потоа следеле уште голем број албуми и синглови. Таа била сопруга на големиот хрватски и југословенски композитор на популарна музика Никица Калоѓера, која е автор на нејзините најголеми хитови.


Врвот на својата популарност го достигнала во 70-тите и 80-тите години на минатиот век, кога беше и остана една од најпопуларните пејачки на поп музиката, но и хит-пејачки на територијата на поранешна Југославија. Песната Чибу – чиба на Никица Калоѓера ја издигна на врвот на популарноста и беше одлично прифатена во јавноста, а доказ за тоа е фактот што уште во 1970 година се продаваше во 23 европски земји и беше отпеана на 23 јазици. На полето на хитовите таа забележа голем успех во Демократската Република Германија, Чешка, Франција и Грција.

Повеќето од нејзините национални и меѓународни хитови ги постигнала пеејќи со Ивица Шерфези, кој исто така беше еден од најпознатите кантавтори и пејачи на популарна музика. Беше оддалечена од сите нејзини колеги, иако нејзините колеги – пејачи имаа само пофални зборови за неа. Животот не бил љубезен кон неа. По смртта на нејзиниот сопруг (во 2006 година), таа ги изгубила сестра и и мајка и, што многу тешко го поднела. Од бракот со Никица Калоѓера ја има ќерката Ника.


Починала на 3 октомври 2016 година во Загреб.

Подолу слушнете го еден од нејзините најголеми хитови, песната „Ѕвона ѕвонат“ изведена во 1990 година на фестивалот „Макфест“ во Штип.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Ѕвездата на „Емили во Париз“ никогаш не била позгодна: Привлекувала погледи на црвениот тепих, а ова е нејзиниот сопруг 

Ѕвездата од серијата „Емили во Париз“, актерката Лили Колинс, не греши кога е модата во …