Сеќавање: На денешен ден во 2013 година почина нашиот истакнат актер Владимир Светиев

Владимир Светиев е роден во Свето Митрани, Крушевско на 14 јули 1945 година. Тој беше еден од најекспонираните македонски глумци и долгогодишен првенец на Македонскиот народен театар.

Светиев е роден на 1 јули 1945 година во крушевското село Свето Митрани. Тој бил меѓу 15-ината студенти на Илија Џувалековски и дипломирал во 1971 година на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Загреб, каде што професорот организирал наставен модел кој им овозможил предметите Глумечка игра и Сценски говор со техника на глас да ги учат на својот мајчин јазик. Во 1971 година Светиев влегол во ансамблот на Драмата на МНТ, дебитирајќи во пиесата на Бранко Пендовски „Под пирамидата“. Таму го поминал сиот работен век, а повремено гостувал и во другите македонски театри. Две сезони поминал во Милхајм, Германија, во Театарот на Ромите „Пралипе“.


Одиграл шеесетина улоги и во историјата на македонската глума е впишан како еден е од најнаградуваните глумци: добитник е на дури пет награди за најдобри театарски остварувања на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп (1977, 1988, 1990, 1991 и 2002), на Наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело во 2012 година, и на наградите „11 Октомври“ и „13 Ноември“.

Починал на 1 ноември 2013 година во Битола.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

За нив започнува фаза на среќа и благосостојба: Декември ќе им донесе среќа на ОВИЕ знаци од Зодијакот

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …