Сеќавање: На денешен ден во 2010 година почина истакнатиот македонски карикатурист Делчо Михајлов


Делчо Михајлов е роден на 27 ноември 1947 година во Скопје. Тој беше македонски карикатурист, режисер на анимирани филмови, аниматор и илустратор.

Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје во 1974 година. Својата прва карикатура, како еден од најспецифичните уметнички жанрови, ја објавил на 14 години, а од 1963 година започнал редовно да објавува карикатури во земјата и во странство. Учествувал на бројни конкурси, изложби и фестивали низ светот и е добитник на бројни награди. Учествувал на над 220 групни изложби, а имал и околу десетина самостојни изложби. Изложувал во Париз, Монтреал, Токио, Рим, Рио де Жанеиро, Франкфурт, Техеран, Брисел.


Автор е и на повеќе книги карикатури. Во 1977 година го создал својот прв анимиран филм како комплетен автор „Хомо Екраникус“, а по него следувале уште шест цртани филмови за продуцентот „Вардар филм” кои биле прикажани во официјална конкуренција на многу фестивали. Од 1995 до 2000 година Михајлов бил директор на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки” во Битола.

Добитник е и на највисокото државно признание „11 Октомври” за 30 години творештво во областа на карикатурата и на наградата „13 Ноември” на Град Скопје и на „Феникс” на Општина Центар.


Починал на 16 јули 2010 година во Скопје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) На 43 години, и три родени деца, изгледа како ДЕВОЈКА: Ја сметаат за СОВРШЕНО УБАВА, но многумина не знаат дека е ОД ЕВРОПСКО ПОТЕКЛО

– Омилената партнерка во двојки на Новак Ѓоковиќ импресионирала со својата природна убавина – На …