Сеќавање: На денешен ден пред 9 години почина нашиот истакнат поет Тодор Чаловски

Тодор Чаловски е роден во Гостивар на 23 август 1945 година. Тој беше истакнат македонски поет, литературен критичар, есеист и преведувач.

Основно образование завршил во Галичник, гимназија во Скопје и Гостивар, а дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Работел како новинар во весниците „Студентски збор“, „Вечер“ и „Нова Македонија“, во Радио Скопје, како уредник на Културна редакција и на Сектор за култура, литература и уметност, а бил и заменик-одговорен уредник на Радио 2000. Потоа работел како уредник-коментатор во Македонското радио. Учествувал во уредувањето на списанијата „Белези“ и „Разгледи“, а бил главен уредник на ревијата на ДПМ „Стожер“. Бил секретар и претседател на Друштвото на писателите на Македонија и член на Советот на СВП. Основач е на Книжевната колонија во Галичник.


Книжевно творештво:

-Ноќ во која те нема (поезија, 1969)
-Ноќен часослов (поезија, 1971)
-Сердарски болести (поезија, 1975)
-Ѕвезда во човека (поезија, 1981)
-Јадро (поезија, 1984)
-Праг (поезија, 1988)
-Маѓосна меѓа (поезија, 1989)
-Прониз (поезија, 1994)
-Дарови (поезија, 1994)
-Галица (поезија, 1996)
-Будна куќа (поезија, 1998)
-Песни (1998)
-Критички видувања (есеи и критики, 1998)
-Глас крепител (поезија, 2000)


Добитник е на наградите: „Браќа Миладиновци“, „Млад борец“, „Студентски збор“, „Младост“ (Белград), БИД „Мисирков“, „Григор Прличев“ (за препев) и Награда за најдобра критика на годината во Македонија.

Починал во Скопје на 15 јуни 2015 година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) СОБРАЛА КОМПЛИМЕНТИ – Шерон Стоун во долна облека ја пресоздала легендарната сцена од „Сурови страсти“

Шерон Стоун ја пресоздала својата легендарна сцена од филмот „Сурови страсти“ облечена во долна облека …