Владимир Ендровски е роден на 18 април 1963 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за глумечка игра во класата на Љубиша Георгиевски во 1991 година. Вработен е во Македонскиот народен театар во 1993 година, каде работи се до неговата прерана смрт во 2023 година.
Театрографија:
- (Подемот и падот на кабарето, 2013), автор: Артур Шницлер, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
- Алексеј Кирилов (Бесови, 2011), автор: Фјодор Михајлович Достоевски, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
- (Троил и Кресида, 2010), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Ристиќ, продукција: Македонски народен театар;
- (Комшилук наопаку, 2007), автор: Нина Митровиќ, режија: Ненни Делместре, продукција: Драмски театар – Скопје;
- (Ревизор, 2006), автор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
- Вадиус (Една вечер со … , 2006), автор: Жан Батист Молиер, режисер: Деан Дамјановски, продукција: Македонски народен театар;
- (Хамлет во транзиција, 2004), автор: Светислав Басара, режисер: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар;
- Булдог (Доле влада, 2004), автор: Сашко Насв, режисер: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар;
- (Црна дупка, 2003), автор: Горан Стефановски, режисер: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар;
- Ристе, Бале (Ослободување на Скопје, 2002), автор: Душан Јовановиќ, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
- Трајан, Богдан, Дуко (Балканот не е мртов, 2001), автор: Дејан Дуковски, режисер: Александар Поповски, продукција: Македонски народен театар;
- Првиот крадец (Павилјони, 2001), автор: Милена Марковиќ, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
- Капетан Лебјаткин (Демони, 2001), автор: Фјодор Михајлович Достоевски, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
- Арнолд Кримп, Криминалец, Психопат (Бетмен враќањето на црниот витез, 1999), автор и режисер: Кристијан Ристевски, продукција: Македонски народен театар;
- Ботар (Носорог, 1999), автор: Ежен Јонеско, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар;
- Антоан (Мисија, 1998), автор: Хајнер Милер, режисер: Кристијан Ристевски, продукција: Македонски народен театар;
- Брајан (Шопинг анд факинг, 1998), автор: Марк Рејнхил, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
- Младичот, Непознатиот (Маме му ебам кој прв почна, 1997), автор: Дејан Дуковски, режисер: Александар Поповски, продукција: Македонски народен театар;
- Макро, Проповедник (Едмонд, 1997), автор: Дејвид Мемет, режисери: Синиша Евтимов и Наташа Поплавска, продукција: Македонски народен театар;
- Д-р Алојзие Зилбербрант (Глембаеви, 1996), автор: Мирослав Крлежа, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар;
- Спасе (МКС, 1995), автор: Војдан Чернодрински, адаптација и режија: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар;
- Јован Ангел (Лепа Ангелина, 1995), автор: Благоја Ристевски, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
- Борис (Буре барут, 1994), автор: Дејан Дуковски, режисер: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар;
- Манилов (Мртви души, 1994), автор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
- Целе Бумба (Женски прилог за ноќта, 1993), автор: Блаже Миневски, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
- Вториот момок, Уплавот, Мајстор за оружје (Мир, 1993), автор: Аристофан, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
- Зевас (Чудовиштата од нашиот град, 1990), автор: Русомир Богдановски, режисер: Коле Ангеловски, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
- Трговец, Дромио од Сиракуза (Забуни, 1989), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Димитрие Османли, продукција: Македонски народен театар;
- Далавера змеј (Рекламна бајка, 1989), автор: Русомир Богдановски, режисер: Коле Ангеловски, продукција: Македонски народен театар;
- Ѓубреџија (Баал, 1987), автор: Бертолт Брехт, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар.
Филмографија:
- Коки Лабуд (Некои други приказни, сегмент: Македонска приказна, 2010), режисер: Марија Џиџева;
- (Самитот на Шаманите, 2006), режисер: Александар Станкоски;
- Затвореникот Варден (Контакт, 2005), режисер: Сергеј Станојковски;
- Стипе Прикачин (Бал-кан-кан, 2005), режисер: Дарко Митревски;
- Вториот истражувач (Големата вода, 2004), режисер: Иво Трајков;
- Андарт (Прашина, 2001), режисер: Милчо Манчевски;
- Безимениот (Збогум на 20-от век, 1998), режисер: Дарко Митревски, Александар Поповски;
- Доре (Преку езерото, 1997), режисер: Антонио Митиќевски;
- Трајче (Пред дождот, 1994), режисер: Милчо Манчевски;
- (Марика лета со авион, ТВ-филм, 1988);
- Чарли (Пикасо, ТВ-филм, 1987).
Телевизиски серии:
- Дино — „Трст виа Скопје“, р. Богдан Поп Ѓорчев, 1990;
- „Еурека“, 2 епизоди, 1991.
- Зевас — “Чудовиштата во нашиот град”, р. Коле Ангеловски, 1992.
- “Последната македонска елегија”, р. Драган Велјановски, 1992.
- Реџеп — “Наше маало”, Светозар Ристевски, 2002.
- Психијатар — “Од денес за утре”, Иво Лауренчиќ, 2010.
- Селанец — “Тврдокорни”, р. Миле Грозданоски, 2013.
- “Бистра вода” р. Јани Бојаџи, 2023.
Награди:
- Награда на ревијата „Екран“ за најдобро филмско глумечко остварување во ТВ серијата „Трст виа Скопје“ во режија на Богдан Поп Ѓорчев, 1990.
- Награда за млад актер “Трајко Чоревски ” на МТФ “Војдан Чернодрински” за претставата “Мртви души” во режија на Владимир Милчин (1994)
Починал во Скопје на 20 август 2023 година.