Љупчо Бреслиски е роден во Штип на 14 мај 1962 година. Тој беше познат македонски театарски, телевизиски и филмски актер.
Почнал како глумец во драмското студио во Штип, а се усовршил на ФДУ во Скопје во групата на Владимир Милчин. Работел во тетатарот во Суботица, своевремено еден од најдобрите во Југославија.
Играл во бројни театарски претстави, но и во телевизиски серии, особено во култната Трст виа Скопје. Ја играл и една од носечките улоги во еден од најдобрите македонски филмови, Пред дождот, на Милчо Манчевски.
Од неговата богата филмографија издвојуваме:
1987-1990 „Трст виа Скопје“
1991 ТВ Театар
1994 Пред дождот
1997 Преку езерото
2004 Како убив светец
2004 Големата вода
2007 Јас сум од Титов Велес
2007 Сенки
Починал на 15 мај 2016 година во Штип на 54 годишна возраст.