?????????????????????????????????????????????????????????

Сеќавање: 9 години без еден од најголемите македонски актери Благоја Спиркоски-Џумерко

Благоја Спиркоски-Џумерко е роден во Прилеп на 6 февруари 1946 година. Тој беше познат македонски театарски и филмски глумец.

Џумерко бил член на Народниот театар во Прилеп од 1966 година сè до неговото пензионирање. Остварил голем број на улоги, меѓу кои најзапаметен ќе остане по улогата на Итар Пејо во ТВ-драмата „Солунски патрдии“. Одиграл улоги и во македонските играни филмови: „Тетовирање“, „Викенд на мртовци“, „Како убив светец“, ТВ-сериите: „Бумбари“, „Погрешно време“ и „Наше маало“.


Добитник е на голем број на награди и признанија:

  • Награда “Ристо Шишков”
  • Награда за најпопуларно ТВ-лице на “Екран” за улогата на “Пејо” во „Солунски патрдии”
  • Награда 13-ти ноември
  • 2006 – Награда „Петре Прличко“
  • 2011 – Награда за животно дело “Војдан Чернодрински”

Починал во Прилеп на 11 јуни 2015 година, на 69 годишна возраст.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Најдете рамнотежа – Одредена храна може да предизвика забрзано стареење, намалете го внесот на овие намирници

Храната што ја консумираме секојдневно игра важна улога во нашето тело, а некои од нив …