Сеќавање: 8 години без доајенот на македонскиот кајак на диви води Мичо Поповски


Мичо Поповски е роден во с. Горничево, Леринско на 5 мај 1947 година. Тој беше македонски спортист, доајен на македонскиот кајак на диви води. Тој бил поранешен национален шампион во кајак на диви води во слалом и спуст, тренер, иницијатор и еден од основачите на Македонскиот Олимписки Комитет.

Дипломирал како инженер металург. Кариерата ја започнал во Рудници и Железарница, а ја завршил како раководител на сектор урбанизам во Град Скопје.


Активно бил вклучен во спортот и бил поранешен национален шампион во кајак на диви води во слалом и спуст, тренер, иницијатор и еден од основачите на Македонскиот Олимписки Комитет. Бил претседател на Сојузот на спортови на Град Скопје, Сојузот на спортски федерации на Македонија и прв Претседател на Кајакарската федерација на Македонија по осамостојувањето. Како селектор на Македонската репрезентација бил учесник на четири олимписки игри, Барселона, Атланта, Сиднеј и Атина. Бил добитник на наградата 13 Ноември на Град Скопје, а повеќепати и одликуван со награди и признанија од Светската Кајакарска федерација и Меѓународниот Олимписки Комитет. Бил и претседател на Кајак клубот Илинден 90 каде последните неколку години активно бил посветен на развојот на младинските категории.

Починал во Скопје на 16 април 2017 година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Македонско – грчки поетски координати

Во рамките на манифестацијата „Денови на поезијата“, во Скопје Сити Мол, денес, со почеток во …