Сеќавање: 27 години без нашата истакната актерка Анче Џамбазова

Анче Џамбазова е родена во Скопје на 3 август 1942 година. Таа беше истакната македонска театарска и филмска глумица, најпозната по улогите во Мирно лето и Македонски народни приказни.

Анче Џамбазова е ќерка на глумецот Петре Прличко, сопруга на композиторот Александар Џамбазов и мајка на шоуменот Игор Џамбазов и архитектот Татјана Џамбазова.


Започнувајќи од 2019 година на фестивалот на комедијата „Гола Месечина“ се доделува наградата за животно дело „Анче Џамбазова“.

Во 2020 година премиерно е прикажан и документарниот филм насловен како „Тетка Анче“


Филмографија:

1961 Мирно лето ТВ-серија
1967 Да видам, да видам што да бидам ТВ-серија
1969 Свеќник ТВ-филм
1969 Прозори ТВ-филм
1969 Сеништа ТВ-филм
1969 Итрата вдовица ТВ-филм
1970 Нешто веома деликатно ТВ-филм
1970 Ветар во кутиче кибрит ТВ-филм
1972 Вител ТВ-филм
1974 Средба ТВ-филм Малина
1974 Брачна понуда ТВ-филм
1975 Волшебното самарче ТВ-серија
1979 Хихирику Радио-емисија
1981 Првите цутови ТВ-серија
1982 Едно лето ТВ-филм
1984 Комедијанти ТВ-серија
1984 Хихирику – 5 години ТВ-серија
1985 Сомнително лице ТВ-филм
1987 Чорбаџи Теодос ТВ-филм
1988 Втора смена ТВ-серија
1988-1992 Македонски народни приказни ТВ-серија
1988-1989 Тврдокорни ТВ-серија
1991 Македонија може ТВ-серија
1991 Во кафулето кај Гене ТВ-филм
1994-1995 Бумбари ТВ-серија
1995 Во светот на бајките ТВ-серија
1994-1997 Македонски народни приказни ТВ-серија


Починала на 30 септември 1997 година во Скопје.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата истакната актерка Соња Михајлова

Соња Михајлова е родена на 14 октомври 1958 година во Битола. Таа е истакната македонска …