Сеќавање: 12 години без нашиот истакнат новинар Никола Младенов


Никола Младенов е роден во Скопје на 10 март 1964 година. Тој беше македoнски новинар, актер, сопственик и главен уредник на неделникот „Фокус“, кој се смета за еден од најугледните новинари во Македонија, а заедно со своите колеги од весникот „Млад борец“ и за еден од основоположниците на плуралистичките правила во македонското новинарство. Во негова чест е именувана наградата за најдобра истражувачка сторија на годината што секоја година ја доделува македонскиот институт за медиуми.

Кариерата ја започнал како глумец, но веќе кон средината на 1980-тите се вработил како новинар во весникот „Млад борец“, орган на Сојузот на социјалистичка младина на Македонија, каде што се стекнал со углед и се афирмирал како предводник на демократските процеси во СР Македонија. Во него, тој отворил теми за луѓето коишто биле на т.н. „црни листи“ во македонското новинарство, а преовладува и автоцензурата и се критикува работата на комунистичката номенклатура. По работата во „Млад борец“, Младенов го основал радиото „Либертас“, а во 1995 година неделникот „Фокус“, којшто претставува прв слободен и независен седмичен весник во Македонија. Основното мото на неделникот било „Неделник на внатрешниот, а богами и надворешниот непријател“ и тој набргу прераснал во медиум на слободниот говор.


Младенов загинал во сообраќајна несреќа на влезот од Скопје, ноќта на 26 март 2013 година.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

37 издание на Саем на книга во Скопје: Негување на книжевната култура и љубовта кон книгите

Убавината на книгите е во тоа што тие не разликуваат возрасти, родови, ниту граници – …