Сеќавање: 11 години без нашиот познат музичар Ацо Богдановски – Конга


Ацо Богдановски – Конга е роден во Скопје во 1960 година. Тој беше познат македонски музичар, најпознат како член на групата Нокаут. Негова страст биле конгите, по што го добил и својот прекар.

Првата група во која членувал Конга е „Макакус“ (1979) кога почнал да удира на конги. Во периодот од пет години се направиле многу песни, а за последната „Обоена светлина“ тој напишал и текстот.


Потоа неговиот музички правец е насочен на бендот „Нокаут“ формиран 1997 година, на два албуми: „Нокаут“ (1997) со продуцентот Дарко Димитров, и „До последен здив“ (2001) со продуцентите Анте Пецотиќ и Кристина Ковач, каде што се наоѓаат големите хитови „АБЦ“, „Фатална опсесија“, „Временска машина“, „Би се викал те сакам“, „Телефонскиот број не постои“, „Илјада причини за крај“, „Мене ми припаѓаш“.

Во 2013 години Конга добил карцином на коските и му била ампутирана раката. Неговите колеги одржувале концерти и настани преку кои собирале пари за негово понатамошно лекување. Но тој не успева во таа битка и на 23 декември 2013 починал во Скопје. Бил женет и татко на две деца.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Димиш одржа промоција на неговата нова песна и видео запис за „Срце и мозок“

Веќе одлично етаблираниот на македонската рок сцена Димиш одржа промоција во „Лабораториум“ за неговата најнова …