Сеќавање: 11 години без нашиот легендарен флејтист Никола Атанасов

Никола Атанасов е роден во Просечен, Драмско, Егејска Македонија во 1939 година. Тој беше македонски флејтист и професор по флејта познат во Македонија и Балканот. Бил именуван за легенда во музичката уметност.

Во 1964 година завршил Музичка академија во Љубљана, а како стипендист на италијанската влада една година престојувал на академијата „Санта Чечилија“ во Рим. Тој бил прв флејтист во оперскиот оркестар на тогашен МНТ каде што останал до крајот на својот работен век.Бил постојан солист на Македонската филхармонија, на камерниот ансамбл за современа музика „Св. Софија“, солист на камерниот оркестар на Радио Скопје.


Атанасов има добиено многубројни стручни награди, државни признанија, „11 Октомври“, „Св. Kлимент Охридски“, „Златна лира“ и други.

Починал во Скопје по долгогодишно боледување на 4 декември 2013 година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Лузна на носталгија – Балканците ја споделија фотографијата на Меланија Трамп поради еден детал: „Печат на Југославија“

Балканците на социјалните мрежи споделуваат фотографија од инаугуративниот бал, на која се гледа како Меланија …