Сеќавање: 10 години без нашиот прерано починат писател, поет и преведувач Игор Исаковски

Игор Исаковски е роден во Скопје на 19 септември 1970 година. Тој беше истакнат македонски поет, прозаист, преведувач и уредник.

Исаковски работел како радио и ТВ водител од 1991 до 1999 година и потоа од 2001 од 2003 година. Тој бил основач и директор на културната установа „Блесок“, а работел и како главен и одговорен уредник и веб-мастерот на истоименото списание. Исто така бил уредник на списанието на Независните писатели на Македонија, „Наше писмо“. Дипломирал на катедрата за Општа и компаративна книжевност во Скопје, а магистрирал на Средноевропскиот универзитет во Будимпешта (Родови и културолошки студии).


Исаковски преведувал поезија, проза и есеи, од (и на) македонски, англиски, словенечки, српско-хрватски-босански-црногорски. Во негов превод, на македонски јазик се објавени 60 книги, меѓу кои оние на: Алеш Дебељак, Лудвиг Гиц, Марија Тодорова, Душан Гојков, Клод Фримен, Роберт Млинарец, Јосип Ости, Рони Сомек, М.Т.Ц. Кронин, Горан Глувиќ, Томас Шапкот, Џек Галмиц, Герит Бусинк, Ханс ван де Ваарсенбург, Том Петсинис, Сибила Петлевски, Хенк ван Керквијк (Дејвид Винвуд), Павле Горановиќ, Предград Луциќ, Хенри Милер, Оља Савичевиќ Иванчевиќ, како и една антологија на црногорската поезија.

Исаковски објавувал во многу домашни и странски списанија. Делата му се објавени на англиски, холандски, романски, словенечки, хрватски, српски, бугарски, црногорски, босански, чешки, унгарски, полски, словачки, корејски, хебрејски и турски. На 18 септември 2015 година, во клубот МКЦ, посмртно била промовирана 11. збирка поезија на Исаковски „Дека да“.


Ги објавил следниве дела:

Самостојни дела: Писма (роман, 1991), Црно сонце (поезија, 1992), Експлозии, трудна месечина, ерупции… (раскази, 1993), Вулкан – Земја – (поезија, 1995), – Небо (поезија, 1996, 2000), Гравири – Blues говорница (многу куси текстови, 2001), Песочен часовник (раскази, 2002), Длабоко во дупката (поезија, 2004), Пливање во прашина (роман, 2005, награда Прозни мајстори, 2005), Blues говорница II (многу куси текстови, 2006, годишна награда за најдобар визуелно-графички дизајн на печатена книга, 2007), Стажирајќи за светец Архивирано на 27 јуни 2008 г. (поезија, 2008), Ноќта е најтемна пред разденување (поезија, 2009), Дека да (поезија, 2015).


Избори и преводи на други јазици: Sky (поезија на англиски, 1996, 2000), Sejanje smeha (избрана поезија на српски и македонски, 2003), I & Tom Waits (избрана поезија на македонски и англиски, 2003), Sandglass (раскази на англиски, 2003).

Антологии: Ернест.01 (избор од раскази објавени во Блесок, 1998-2003), Морфеј.01 (избор од поезија објавена во Блесок, 1998-2003, автори родени помеѓу 1960-1977), Морфеј.02 (избор од поезија објавена во Блесок, 1998-2003, автори родени помеѓу 1930-1959).

Починал на 15 декември 2014 година во Скопје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Џорџ и Амал Клуни организираат петдневна хуманитарна забава: Билетите чинат 250.000 долари

Тие решиле хуманитарната акција да ја организираат на нивниот имот на езерото Комо. Холивудскиот актер …